Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Петковиќ, Радослав

petkovic_radoslav
© Silvija Hinzmann
Радослав Петковиќ, роден 1953 год. во Белград, е еден од најпознатите писатели на Србија. Има објавено бројни романи, раскази и есеистичка проза. Неговите дела се преведени на многу јазици, а самиот има преведено дела од Чесертон, Токин, Дефо и Стивенсон од англиски на српски јазик. Неговиот роман од 1979 год. ,,Put u Dvigrad“ во 1997 год. беше овенчан со наградата ,,Милош Црњански“. За романот ,,Sudbina i komentari“ (1993) е добитник на повеќе признанија: наградата ,,Меша Селимовиќ“ на весникот ,,Вечерње новости“ и на Здружението на издавачи и книжари на Србија и Црна Гора, наградата ,,Борба“ и наградата ,,НИН“. Радослав Петковиќ денес живее како слободен писател во Белград.