Печати

Промоција на целокупното творештво на куса проза од Франц Кафка на албански јазик

33_kafka
На 26.10.2010 год. во ,,Театри и метрополит“ во Тирана ќе се одржи промоцијата на целокупното творештво на куса проза од Франц Кафка на албански јазик. Преведувачот и авторот Aрдијан Клоси со години беше посветен на оваа работа. И конечно дојде до таму: со поддршка на ТРАДУКИ беше овозможено ова издание, коешто на албански јазик ги заокружува сите раскази, скици, новели на прашкиот автор по хронолошкиот редослед на нивното настанување, издадени додека бил жив или објавени постхумно.

Основа за изданието беше критичкото издание на Кафка од С. Фишер. Досега во Албанија можеше да се најде само дел од прозното творештво, растурено по збирки и во превод од други јазици. На промоцијата познатиот албански актер Тимо Флоко ќе чита неколку раскази од Кафка.
Расказите на албански беа објавени во издавачката куќа ,,К&Б“.