Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ministarstvo boli

ugresic_ministarstvoМладата книжевна критичарка Танја Луциќ мора да го напушти родниот град Загреб поради војната и завршува како доцент по книжевност за ,,српско-хрватска книжевност“ на универзитетот во Амстердам. Нејзините студенти едвај да се помлади од неа, а потекнуваат од сите делови на поранешна Југославија. Се запишале на универзит само за да добијат дозвола за престој, а покрај тоа заработуваат како улични музичари, служители и чистачи или во една фирма за дотур од ланецот ,,Министерството на болка“. Тања се решава во предавањето да направи ,,југоносталгичен“ експеримент на ,,каталогизација“ на секојдневието од некогашна Југославија.

Романот ,,Ministarstvo boli“ [,,Mинистерството за болка“] од Дубравка Угрешиќ излезе на романски јазик (извадок) во превод на Oктавија Неделку под наслов ,,Ministerul durerii“ во издание на ,,Полиром“, Букурешт и на албански јазик (извадок) во превод на Илира Шурбани под наслов ,,Ministria e dhimbjes“ во издание на ,,Дитурија“, Тирана.