Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Чопиќ, Хана

copic_hana
Хана Чопиќ е родена 1978 во Белград. Студирала германистика, во 1999/2000 год. била стипендистка на ДААД и завршила постдипломски студии (родови студии) на Факултетот за политички науки. Од 2003 год. работи како слободен преведувач од германски на српски јазик, со специјалност во областа на политиката и филозофијата. Има преведувано за повеќе невладини организации и медиуми, меѓу другото и за списанијата ,,Реч“, ,,Поља“ и ,,Хабитус“, весникот ,,Република“, за Третата Програма на Радио Белград, ,,Пешчаник“ и Европскиот Институт за развојна културна политика. Освен тоа ги има преведено ,,Шахтата од Вавион од Борис Буден (2007), ,,Прстените на Сатурн“ од В.Г. Зебалд (2005), а беше и една од преведувачките на ,,Лексиконот на симболи“ од Кнаур (2004).