Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Фичор, Едо

ficor_edoЕдо Фичор, роден 1958 година во Риека (Хрватска), студирал филозофија и компаративна книжевност во Љубљана и Загреб. Од 1981 година објавува книжевни и научни преводи. Меѓу другото ги има преведено: Лелеа Б. Њатин, Соња Порле, Јуриј Худолин, Томаж Шаламун, Алеш Штегер, Фери Лаиншчек, Луција Ступица, Алеш Дебељак, Барбара Погачник, Урош Зупан, Матјаж Коцбек, Павел Шех и Фране Милчински. Освен тоа учествува во една антологија на словенечки куси раскази (Krunski svjedoci, 2001) и една антологија за деца и млади (Priče izrasle u tajne, 2006). Кон неговите научни преводи се вбројуваат дела од: Норберт Елијас, Улрих Имхоф, Ото Лутар и Јернер Млекуж. Покрај неговата дејност како книжевен преведувач Едо Фичор работи и како издавач на словенечки книги за деца и списанија.