Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Фриш, Макс

frisch_max
© Suhrkamp

Maкс Фриш е роден 1911 год. во Цирих. Во 1930 год. отпочнува студии по германистика, коишто по смртта на татко му, сепак, мора да ги прекине поради финансиски причини. Работи како коресподент за ,,Ноје Цирхер Цајтунг“ и други весници. Во 1935 год. за прв пат доаѓа во Германското Царство, каде што се судрува со националсоцијализмот и антисемитизмот. Од 1936 до 1940 год. студира архитектура во Цирих.

Макс Фриш има објавено бројни дела: романи, раскази, драми, радио-драми и два книжевни дневника. Со романите ,,Штилер“, ,,Хомо Фабер“ и ,,Името нека ми биде Гантенбајн“ ја придобива пошироката публика. Починува 1991 год. како последица од боледувањето од рак во својот стан во Цирих.