Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ратчева-Стратиева, Лилија

ratschewa_lilia
Лилија Ратчева-Стратиева е автор на книги за деца, преведувач и книжевен критичар. Студирала бугаристика и англистика на универзитетот во Софија, а во Минхен и Минеаполис се доквалификувала во областа на литературата за деца. Има работено како уредник во една издавачка куќа, била уредничка на меѓународното списание за литература за деца и млади ,,Bookbird“, член на меѓународното жири за доделување на меѓународната награда ,,Јануш Корчак“.  Од 1996 год. живее во Австрија и работи на проекти од ЕУ. Нејзините статии за литература за деца и млади се објавени во Бугарија, Австрија, Полска, САД, Франција, Швајцарија, Кина и Унгарија. Преведува од полски, англиски и германски јазик.