Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Видојковиќ, Марко

vidojkovic_markoМарко Видојковиќ е роден 1975 година во Белград, а студирал правни науки. Има објавено бројни романи и збирки куси раскази кои повеќекратно се наградени, меѓу другото со наградата Виталова за најдобра објавена книга за 2016 година, како и со наградата „Златни бестселер“. Тој редовно учествува на книжевни фестивали, неговите дела се преведени на повеќе јазици. Марко Видојковиќ работеше како уредник за Максим и Плејбој, во белградското претставништво на хрватската издавачка куќа Профил и пишуваше колумни за интернет порталот БУКА. Тој е музичар и телевизиски водител. А не најпосле и активист за човекови права.