Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Writers in Residence: Драгослава Барзут во Сараево

654 barzut dragoslavaПисателката и активистка за ЛГБТ-заедницата на П.E.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина во август во рамките на резиденцијална програма во Сараево поддржана од ТРАДУКИ четири недели гостуваше во главниот град на Босна и Херцеговина. Својот престој го посвети на нејзината нова збирка раскази и подготовките за новото издание на нејзината дебитантска збирка раскази Zlatni metak.

На крајот од нејзиниот престој П.E.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина организира книжевна вечер, на која Драгослава Барзут им се претстави на читателите во разговор со нејзината босанско-херцеговачка колешка Лејла Каламујиќ и новинарката и книжвна критичарка Маја Абаџија. Притоа фокусот беше ставен на нејзиниот во 2017 година објавен роман Papirne disko kugle, една интимна и силна сторија, псевдобиографија, која ненаметливо се занимава со прашањето на различните идентитети и притоа открива нови перспективи.

Медиуми: Oслобоџење (Интервју)