Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Живко Гроздановски во Сараево

634 grozdanoskiМладиот македонски писател и книжевен преведувач Живко Гроздановски, кој во мај гостуваше во Сараево како Writer-in-Residence, на книжевната вечер на 31. мај извести за една невообичаена средба: Во херцеговското место Чемерно при едно истражувачко патување за својот нов ракопис, тој наиде на својот лик од сопствениот роман: еден инжињер, кој работи на градбата на тамошниот тунел и го носи истото име, кое му го даде Живко Гроздановски во својот роман.

Во авторскиот разговор со Никола Вучиќ тој раскажа за неговото невообичаено искуство, многу корисно за процесот на пишувањето и за неговите впечатоци од Сараево. Освен тоа на публиката ѝ го претстави своето „Писмо до Изет Сарајлиќ“, кое го напиша за време на својот резиденцијален престој и во кое тој ја изразува својата поврзаност со овој голем босанско-херцеговски поет.

Резиденцијалната програма во Сараево со поддршка на ТРАДУКИ ја реализира П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина. А од 2018 година во рамките на програмата „Reading Balkans“ таа добива и дополнителна подршка од ЕУ.