Печати

Меѓународен книжевен фестивал ПРО-ЗА Балкан во Скопје

627 skopjeОд 27. до 29. мај во Скопје се одржа шестото издание на меѓународниот книжевен фестивал ПРО-ЗА Балкан, на кој и оваа година учествo зедоа познати автори од балканските земји. Со поддршка на ТРАДУКИ таму се претставија: Роберт Перишиќ , Јуриј Худолин, Фросина Пармаковска, како и Леља Каламујиќ, која во мај престојуваше како резиденцијална стипендистка во Скопје.

По петти пат по ред за време на фестивалот се сретнаа и странски претставници од литературната сцена, за во рамките на програмата Skopje Fellowship да добијат увид во македонската книжевност. Фестивалската програма ја заокружи заедничката дискусија на тема „Балканските класици во Европската литература – (не)визибилност во 21. век“. Книжевната награда „Прозарт“ оваа година отиде во рацете на прозаистот Светислав Басара од Србија.

bwd  Set 1/2  fwd