Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

„Системска грешка?“ Вечер за политичкиот систем во Босна и Херцеговина и нејзиниот долг пат до европската нормалност

617 systemfehlerНа 22. мај 2018 година политологот Тобијас Флесенкемпер (Диселдорф) и историчарот д-р Николас Мол (Сараево/Париз) како приредувачи во разговор со Аднан Черимагиќ од берлинската иницијатива European Stability ја претставија неодамна во Шпрингер објавената збирка Das politische System Bosnien und Herzegowinas. Herausforderungen zwischen Dayton-Friedensabkommen und EU-Annäherung. Манифестацијата која се одржа во фондацијата Хајнрих Бел во Берлин ја водеше Хана Стојиќ, директорката на Традуки.

Збирката во единаесет глави претставува релевантни аспекти на комплексниот политички систем во Босна и Херцеговина, на почетокот беше конципиран како провизорно решение, кое меѓутоа се покажа како потрајно отколку многу други државни поредоци во земјата. Но, како и да е, Босна и Херцеговина се чини како да останува во една „стабилна постојана криза“, на која често се гледа како на последица од Дејтонскиот мировен договор од 1995 година и се интерпретира како „системска грешка“.

Тобјас Флесенкемпер и д-р Николас Мол во нивната книга го поставуваат прашањето дали притоа се работи за доволно објаснување и во која мера зад паушалниот поим „стагнација“ сепак не се евидентни извесни општетвени, политички, културни и економски динамики.

Манифестацијата ја изведе ТРАДУКИ, фондацијата Хајнрих Бел, Друштвото на Југоисточна Европа, универзитетот Хумболт од Берлин и Центарот за меѓународни европски студии (cife).

Medien: Der Freitag