Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Die zerrissenen Jahre. 1918-1938

588 blom die zerissenen jahreСосем ново претставување на годините, кои водеа во Втората светска војна. Во 1918 година завршува војната, меѓутоа светот никако да најде мир. Сите сигурности се разнишани, и така продолжува борбата понатаму: меѓу левицата и десницата, конзервативните и модернистите, работниците и превземачите. По неговиот бестселер Der taumelnde Kontinent за годините на Европа пред Првата светска војна, Филип Блом сега ја води историјата понатаму до 1938 година и го проширува хоризонтот до САД. Џезот дава ново чувство на слобода, а истовремено демократијата е под притисок. Весниците и радиото ги доживуваат своите најдобри години, а и покрај тоа во Берлин горат книги.  

Die zerrissenen Jahre. 1918-1938 [Растргнати години. 1918-1938] од Филип Блом излезе на хрватски јазик (извадок) во превод на Горан Шмит под наслов Rastrgane godine. 1918.-1938. во издание на Фрактура, Загреб.