Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хорват, Патриција

.

horvat patricijaПатриција Хорват, родена 1970 година во Осијек (Хрватска), студирала германски и англиски јазик и книжевност на универзитетот во Осијек. За време на студиите има повеќе студиски престои во Германија и Австрија. Од 1998 година живее во Сплит, каде што работи како слободен преведувач. Таа ја организира и води книжевната програма „Bookvica“ во Сплит и е модератор на разни книжевни фестивали. Од 2005 година Патриција Хорват е член на Сојузот на книжевните преведувачи на Хрватска. Досега има преведено повеќе од 30 романи. Од германски јазик го има преведено Ралф Ротман и Силвија Бовеншен, од англиски јазик, меѓу останатите, и: Џон Вилијамс (Stoner und Augustus), Пол Бити, Ален де Ботон, Алан Бенет, Славој Жижек, Агата Кристи и Рут Рендел.