Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Кресе, Маруша

.

krese marusaМаруша Кресе (1947-2013), се смета за еден од најважните книжевни гласови на Словенија. Поетесата, писателката и новинарка живееше и работеше долги години во странство, за потоа да се врати во Љубљана. За нејзиниот хуманитарен ангажман во Војната во Босна во 1997 година беше одликувана со Орденот за заслуги на Сојузна Република Германија. Во 2008 година нејзината збирка куси раскази Vsi moji božiči ја доби книжевната награда fabula. Маруша Кресе како значајна придружничка на ТРАДУКИ има голема заслуга за тоа што Словенечката агенција за книги ЈАК во декември 2009 стана една од првите институции од Југоисточна Европа како партнер во мрежата ТРАДУКИ.