Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Учакар, Алеш

.

ucakar alesАлеш Учакар, роден 1968 година во Љубљана, е автор, преведувач, лектор и уредник. Студирал компаративна книжевнот и германистика/превод на Филозофскиот факултет во Љубљана. По студиите неколку години работел како публицист, од 1999 година е уредник во издавачката куќа Модријан во Љубљана. Неговото работно поле опфаќа како белетристика, така и стручна литература (хуманистика и природни науки). Тој преведува претежно од германски и англиски на словенечки јазик, како стручни книги (на пр. Ернст Касирер, Јозеф Ратцингер, Лудвиг Витгенштајн, Улрих Бек, Дитрих Шваниц, Ута Ранке-Хајнеман, Сузан Кејн и Џулија Ендерс), како и белетристика (на пр. Хајнрих фон Клајст, Гастон Леро, Џеремијас Готхелф, Хајнрих Бел, Хенинг Манкел, Арно Гајгер, Урсула Познански, Тимур Вермес, Роберт Зетхалер и Лукас Берфус).