Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хукел, Петер

.

huchel peterПетер Хукел, роден 1903 година во Грос-Лихтерфелде во близина на Берлин се вбројува во еден од најзначајните поети на ХХ век. Познат станува, меѓу другото и со „случајот Хукел“, којшто го престори во симбол за отпорот против режимот на ГДР: неговото принудно откажување од позицијата главен уредник на книжевното списание Зин унд Форм на Источноберлинската академија на уметностите, што го водеше со голем успех од 1949 до 1962 година. Во 1970 година смееше да отпатува во Сојузна Република Германија, каде што го продолжи своето творештво. Во 1981 година Петер Хукел почина по долго боледување. Во спомен на него Зидвеструндфунк (ЗВР) и покраината Баден-Виртемберг од 1984 секоја година ја доделуваат наградата за поезија Петер Хукел.