Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Шута-Хиберт, Моња

.

suta hibert monjaМоња Шута-Хиберт, родена 1980 година во Сараево (Босна и Херцеговина), студирала компаративна книжевност и библиотекарство на филозофскиот факултет на универзитетот во Сараево. За време на студиите и по нивното завршување работела како проект-координатор во Гете Институтот и како преведувачка во областа на културата. Меѓу 2005 и 2011 година била соработник во Центарот за интердисциплинарни постдипломски студии на универзитетот Сараево во мастер-програмата „Демократија и човекови права“. За време на нејзината долгогодишна работа и активност во здружението Право Људски, чиј коосновач беше и самата и го водеше осум години, Моња Шута-Хиберт се стекнува со продлабочени познавања од областа на документарниот филм и неформалните образовни методи. До денес водела повеќе локални и меѓународни проекти. Покрај тоа била визитнг доцент на универзитетите во Братислава и Варшава. Од 2014 година работи за фондацијата ТПО во Сараево.