Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Стојковски Глигор

.

stojkovski gligorГлигор Стојковски, роден 1952 година, завршил јужнословенски книжевности, и од 1976 до 2001 година работел како новинар за весниците Нова Македонија и Утрински весник. Од 2001 до 2009 беше главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Од 2010 година ја води својата сопствена издавачка куќа "ВиГ Зеница". Глигор Стојковски е автор на бројни збирки поезија и други публикации. Освен тоа работи и како книжевен преведувач. Кон неговите преводи се вбројуваат дела од српски, хрватски, бугарски и норвешки автори.