Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Третнер, Андреас

.

tretner andreasАндреас Третнер е роден 1959 во источнотириншката Гера, а денес живее на северно-западниот крај од Берлин. Има завршено студии по преведување и толкување во Лајпциг, и работел како преведувач за индустрија и лектор во издавачка куќа, уредник и медиумски едукатор. Од 1992 година преведува книги претежно од руски јазик (на пр. Виктор Пелевин, Владимир Сорокин, Михаил Шишкин, Пјотр Иличевски), понекогаш од бугарски (на пр. Јордан Радичков, Пехо Јаворов, Христо Карастојанов) и ретко од чешки јазик (на пр. Јозеф Шкворецки, Јахум Топол).