Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Рот, Јозеф

.

roth josephЈозеф Рот е роден 1894 година во Броди во Источна Галиција, а почина на 27.05.1939 година во Париз. Рот беше новинар, меѓу др. во Берлин и Виена, пред да ги пропатува сите европски метрополи како новинар за „Франкфуртер Цајтунг“. Во 1930 година со романот Hiob го доживеа својот прв книжевен успех. Од 1933 година Рот чекор по чекор преку Виена емигрира во Марсеј, Ница и Париз. Таму работи на различни емигрантски публикации и се заложува за реставрација на пропаднатата хабсбуршка повеќенационална држава. Меѓутоа ниту финансиски ниту приватно не успева повторно да застане на нозе. Во 1939 година, обележана со лични удари на судбината и консумирањето алкохол во големи количини сиот негов живот, Јозеф Рот почина во една болница за сиромашни во Париз.