Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Шерц, Славо

serc_slavo

Славо Шерц, роден 1959 година во Марибор, студирал словенечки јазик и книжевност и општа и компаративна книжевност во Љубљана. Во 1984/1985 година покрај тоа во Хамбург студира и германски како странски јазик. Бил хонорарен предавач по словенечки јазик на универзитетите во Регенсбург и Минхен. Славо Шерц има објавено бројни есеи, колумни и радио прилози во словенечките медиуми. Во 1996 година излезе неговата книга Nemška književnost danes, а во 2010 и книгата In potem je padel zid. Како преведувач особено се посветува на современата германско-јазична книжевност и филозофија. Кон неговите преводи се вбројуваат бројни книги од: Елфриде Јелинек, Урс Видмер, Херта Милер, Томас Брусиг, Петар Штам, Јудит Херман, Свен Регенер, Феридун Заимоглу, Роберт Валзер, Ханс Кејлсон, Волфганг Хилбиг, Валтер Бенјамин, Петер Слотердијк. Во негов избор и превод на словенечки излегоа и две антологии на куса проза од Германија, Австрија и Швајцарија.