Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хаусхофер, Марлен

haushofer marlen© privatМарлен Хаусхофер е родена 1920 година, како Мари Хелене Фрауендорфер во горно-австрискиот Фрауенштајн. Во 1946 година таа го објавува својот прв текст. Заедно со Ингеборг Бахман денес се смета за една од предвесничките на модерната женска книжевност. Марлен Хаусхофер е овенчана со бројни награди, како на пример со наградата „Артур Шницлер“, два пати со наградата за литература за деца на градот Виена и два пати со државната награда за книжевност. Таа почина во 1970 година во Виена.