Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хандке, Петар

handke peter by wild und team agentur UNI salzburg© wild + team agentur - UNI salzburgПетар Хандке е роден 1942 год. во Грифен (Австрија), студирал право во Грац. Студиите ги прекинува пред завршниот испит и го објавува својот прв роман Die Hornissen. Истата година 1966 следува и инсценирањето на неговата пиеса Publikumsbeschimpfung во Франкфурт. По неа доаѓаат бројни раскази, прозни дела и понатамошни театарски пиеси. Покрај својата писателска дејност Петар Хандке има преведено многу прозни дела и драми на германски јазик. За неговото дело тој е добитник на повеќе меѓународни награди. Поради неговиот став кон Слободан Милошевиќ во 2006 год. планираното овенчување на неговото дело со наградата „Хајнрих Хајне“ предизвика вжештена дебата.