Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Паиќ, Жарко

paic zarkoЖарко Паиќ, хрватски писател, филозф, социолог, критичар, есеист и теоретичар на современа уметност и архитектура, е роден 1958 год. во  Кутина (Хрватска). По неговите студии по политички науки на универзитетот во Загреб се стекнува со магистерска титула во областа на филозофија, а во 2005 год. и со докторска титула во областа на социологијата. Тој е член на Здружението за поддршка на филозофијата, на Здружението на писателите на Хрватска (ЗПХ) и на хрватскиот П.Е.Н.-Центар и работи како доцент за социологија на култра, естетика, семиотика и визуелна комуникација на Текстилно-технолошкиот факултет на универзитетот во Загреб. Жарко Паиќ објавува филозофски и социолошки трудови, текстови за теорија на современа уметност, културна политика и културен развој, како и книжевни есеи во земјата и странство.