Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Цветковски, Бранко

cvetkoski brankoБранко Цветковски, роден 1954 год. во Слатино (Македонија), завршил филологија во Скопје. Работел како новинар, уредник и главен уредник во различни списанија и издавачки куќи во Македонија, бил директор на Националниот театар и е коосновач на книжевната фондација „Балканика“. Во моментов е директор на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Бранко Цветковски е член на П.Е.Н.-Центарот, на Здружението на писателите на Македонија и почесен член на Здружението на писателите на Бугарија. Има објавено бројни збирки поезија, критики и есеи и е повеќекратно наградуван. Неговите книги се преведени на 15 јазици. Тој самиот има преведено повеќе од 30 книги од српски, бугарски, хрватски и руски јазик.