Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Селимовиќ, Меша

selimovic mesaМеша Селимовиќ, роден 1910 год. во Тузла, се вбројува во еден од најзначајните писатели од поранешна Југославија. Во 30-тите години на минатиот век студира српско-хрватски јазик и југословенска книжевност во Белград. Првите воени години ги минува во Тузла, додека во 1943 год. не пребега во ослободената област и не се приклучи на партизаните. Од 1947 год. Селимовиќ живее во Сараево. Истата година излегува неговата прва книга Uvrijeđeni čovjek, по која следуваа бројни понтамошни дела. Со својот успешен роман Derviš i smrt (за кој повеќекратно беше предложен за Нобеловата награда за книжевност, во 1966 год. му успева меѓународниот пробив. Во 1971 год. Меша Селимовиќ се преселува во Белград, каде што ќе почине во 1982 год.