Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Телкамп, Уве

tellkamp uwe by smalltown boy© Smalltown BoyУве Телкамп е роден1968 год. во Дрезден. По отслужувањето на воениот рок го губи своето медицинско место во Националната народна армија поради „политичка несигурност“, во 1989 год. во замавот на пресвртот е притворен, а потоа ги продолжува студиите во Лајпциг, Њу Јорк и Дрезден. По дипломирањето работи како доктор во една клиника за хирургија од несреќи во Дрезден. Моментално живее како писател во Дрезден. За неговиот роман Der Turm во 2008 год. ја доби Германската книжевна награда.