Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Скорадец, Виктор

scoradet victorВиктор Скорадец, роден 1953 год. во Романија, завршил германистика на универзитетот во Букурешт. По завршувањето на студиите најпрвин работи како учител по германски јазик, а потоа за различни весници и списанија (како секретар на редакција во дневниот весник Нојер Вег, уредник на месечникот Ноје Литератур и како театарски критичар на списанието за култура Контемпоранул – Идеја ојропеана). Своите театарски критики и есеи ги објавува во повеќе дневни и неделни весници. Виктор Скорадец денес работи како преведувач и театарски режисер и е уметнички директор на Театрул Арка во Букурешт, којшто го лансира во 2004 год. Во неговите преводи се вбројуваат бројни театарски пиеси и прозни дела од познати автори како Бертолт Брехт, Томас Бернхард, Фридрих Ниче, Гинтер Грас и др. Во 2014 година Виктор Скорадец беше овенчан со Орденот за заслуги на Сојузна Република Германија. Други признанија: „Наградата за театарска критика“ на Здружението на театри на Романија (1994), „Одликувањето Гете“ (2009).