Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Мајер, Клеменс

meyer_clemens
© Martin Timphus
Клеменс Мајер, роден 1977 год. во Хале, пораснал во Лајпциг и таму студирал на Институтот по германска книжевност. Студиите ги финансира како чувар, носач на мебел и возач на вилушкар. Стипендиите му овозможуваат работа на неговиот прв роман „ Als wir träumten“, за когошто се здобива со книжевната награда „Рајнгау“, стипендија за книжевност од округот Меркен, грантот за усовршување од наградата „Лесинг“, како и наградата „Мара Касенс“. Во 2008 год. за „Die Nacht, die Lichter“ е овенчан со наградата на „Саемот на книгата во Лајпциг“. Адаптацијата на оваа збирка раскази ја доживеа својата праизведба во 2010 год. во „Централниот театар“ во Лајпциг. Во 2010 год. беше објавена и неговата трета книга под наслов „Gewalten“. Клеменс Мајер живее во Лајпциг.