Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Теодоривичи, Лучијан Дан

teodorovici dan by cato lein© Cato LeinЛучијан Дан Теодоривичи, роден 1975 год. е романски писател, новинар и уредник. Од 2002 до 2006 год. бил главен уредник во издавачката куќа Полиром, каде што денес ја координира едицијата „Его.Проза“. Освен тоа работи како водечки уредник на неделникот Suplimentul de cultură. Покрај повеќето книги Лучијан Дан Теодоривичи има објавено и бројни прилози во списанија за култура, како во Романија, така и надвор од нејзините граници. Неговите текстови меѓу другото се објавени во списанијата: О су де лест (Париз), Транскрипт, Д Гардијан (Лондон), Лампа (Варшава), Маџар летр интернационал (Будимпешта) и Апсинт: Њу јуропијан рајтинг (САД).

http://www.teodorovici.ro