Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Циндори, Ружица

cindori ruzicaРужица Циндори е родена 1961 год. во Лудберг, Хрватска. Студирала компаративна книжевност и филозофија во Загреб, каде што живее до ден денес и работи како секретарка во Здружението на писателите на Хрватска. Од 1984 год. до сега има објавено осум збирки поезија. Нејзините песни се препеани на повеќе јазици; во 2006 год. нејзината поезија беше одликувана со наградата „Добриша Цесариќ“, а во 2010 год. со бугарската награда „Сребрно лече“. Љубица Циндори и самата работи како преведувачка од словенски јазици (Весна Ацевска, Димчо Дебељанов, Елка Нијаголова, Вено Тауфер, Иво Фрбежар, Цветка Бевц, Грегор Подлогар, Станка Храстељ).