Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Суљиќ-Бошкаило, Бисера

suljic_boskailo_bisera
Бисера Суљиќ-Бошкаило, родена 1965 год. во Тутин (Србија), е писателка од Босна и Херцеговина. Ги има објавено романите: ,,Goli Otok“‚ ,,La Perla“‚ ,,Pešter“, ,,Bilija“, збирките поезија ,,Vilino Kolo“, ,,Vilino kolo i druge ljubavi“ и монографијата ,,Thomas Mann na svojim izvorima“. За своето поетско дело е повеќекратно наградувана, меѓу другото, и со наградата ,,Антун-Бранко-Шимиќ“. Во 2009 год. ,,Bilija“ беше прогласен за најдобар необјавен роман во Србија. Бисера Суљиќ-Бошкаило студирала српско-хрватски јазик и книжевност во Сараево и Мостар и германски јазик и книжевност во Ајхштат. Меѓу другите, ги има преведено: Михаел Кригер, Бод Шефер и Паул Маар, а докторирала во областа на Германски јазик и книжевност. Бисера Суљиќ-Бошкаило живее во Инголштат и Нови Пазар, каде што ја води Катедрата за германистика на ,,Меѓународниот универзитет“.