Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ости, Јосип

osti josipJoсип Ости е роден 1945 год. во Сараево во тогашна Југославија. Во Сараево студирал на Академијата за уметност на тамошниот универзитет. Работел како директор на издавачка куќа, бил директор на „Денови на поезијата“ во Сараево и претседател на „Обединетите преведувачи на Босна и Херцеговина“. Од доцните осумдесетти години живее како слободен автор и преведувач во Словенија. Освен проза, есеи и критики има објавено бројни збирки поезија, неговите песни се преведени на повеќе јазици. Во 1994 год. беше овенчан со реномираната награда „Виленица“.