Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Рот, Клаус

roth klausКлаус Рот е роден 1939 год. во Хамбург. Бил професор на Институтот за етнологија/Европска етнологија на универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен и визитинг-професор на Одделот за антропологија на Универзитетот Беркли. За својата научна дејност е повеќекратно награден. Кон неговите истражувачки области, меѓу другото спаѓаат и попкултурата на Југоисточна Европа, меѓукултурна комуникација, националниот идентитет и однос со странците,  „Imagining Europe“ во Југоисточна Европа, социјалистичката секојдневна култура во земјите во трансформација и „европеизација одоздола“ во Југоисточна Европа.