Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Стефанов, Данаил

stefanov danailДанаил Стефанов е роден 1986 год. во Софија и завршил словенска филологија со фокус на српски, хрватски и словенечки јазик на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Досега има преведено повеќе преводи за списанија и антологии. Во 2010 год. учествуваше на еден натпревар за преведување на универзитетот во Софија и неговиот превод беше објавен. Преводот на романот „Kad umrem da se smijem“ од Фадила Хавер, којшто го преведе заедно со Симеон Стефанов, сепак го претставува неговиот прв пообемен преведувачки проект.