Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Странчар, Тина

strancar tinaТина Странчар е родена во 1985 год. во Љубљана, Словенија. Студирала германски јазик и книжевност таму и во Бремен, по што следуваат докторски студии од областа на книжевноста во Љубљана и Берлин. Од пред неколку години Тина Странчар преведува германскојазична проза и поезија на словенечки, меѓу другото од: Кристоф Рансмајер, Даниел Келман, Андреас Унтервегер, Џени Ерпенбек и Регине Хилбер. За нејзината преведувачка дејност е добитник на повеќе стипендии. Учествувала на многубројни семинари за преведување и самата организира книжевни вечери. Тина Странчар е член на Здружението на книжевните преведувачи на Словенија.