Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ракуса, Илма

rakusa ilma by don manfredo© don manfredo

Илма Ракуса е родена 1946 год. како ќерка на еден Словенец и една Унгарка во Римавска Собота (Словачка). Раното детство го минува во Будимпешта, Љубљана и Трст, а во 1951 год. со родителите се преселува во Цирих. По студиите по славистика и романистика во Цирих, Париз и Санкт Петерсбург го завршува својот докторски труд за „Мотивот на осаменоста во руската книжевност“. Во 1977 год. дебитира како авторка со збирката поезија „Wie Winter“; оттогаш има објавено бројни збирки поезија, раскази и есеи. Илма Ракуса е позната како преведувачка и публицистка („Ноје Цирхер Цајтунг“, „Ди Цајт“). Таа е член на Германската академија за јазик и поезија, нејзиното дело е одликувана со значајни награди и стипендии. Денес Илма Ракуса живее во Цирих.

Вебстраница