Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Шпун, Херта

spuhn hertaХерта Шпун, родена 1933 год. во Цернович (тогашна Романија, од 1944 год. Украина) и во 1946 год. се преселува во Романија, завршила романистика на универзитетот во Букурешт. Потоа била долгогодишна уредничка на германско-јазичниот оддел на издавачката куќа „Албатрос“. Живее во Букурешт и е член на одделот за преведување на Здружението на писателите на Романија. Има подржувано и редигирано двојазични романско-германски збирки поезија од познати романски автори, а меѓу другото, има преведено: Густав Рене Хоке („Manierismus in der Literatur“), Зигмунд Фројд („Psychopathologie des Alltagslebens“, во соработка) , како и романи од Бернахрд Шлинк („Liebesfluchten“; „Selbs Mord“; „Die Heimkehr“) и Мартин Зутер („Ein perfekter Freund“; „Small World“).