Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Радаковиќ, Боривој

radakovic borivojБоривој Радаковиќ, роден 1951 год. во Земун, студирал на Филозофскиот факултет на универзитетот во Загреб. Десет години работел за разни книжевни списанија и весници за култура. Од 1990 год. работи како слободен писател и преведувач. Писателскиот успех го доживува особено со романот„Sjaj epohe“ (1990) и со театарската пиеса „Dobrodošli u plavi pakao“ (1994). Во 2000 год. го основа книжевниот фестивал „ФАК“, кој досега им посакал добредојде на бројни писатели од Хрватска и од соседните земји, како и автори од Велика Британија. Боривој Радаковиќ, меѓу другото, има прведено дела од: Винка Саздова, Сара Вотерс, Ханиф Куреиши, Џулиан Барн, Вилијам Буроу, Нијал Грифитс, Џек Керојак,  Бери Гифорд, Бери Калаген, Џон Упдике и Кејти Акер. Живее и работи во Загреб.