Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хајнс, Фолкер

heins volkerФолкер Хајнс, роден 1957 год., од 2012 год. е директор на одделот за истражување „Интеркултура“ на Културно-научниот институт во Есен (КВИ). Хајнс докторирал во 1988 год. на универзитетот „Гете“ во Франкфурт на Мајна во политички науки, а во 2001 год. следува неговата хабилитација во Гисен. Освен тоа предавал и истражувач на универзитетите во Њу Делхи, Кембриџ (САД), Њу Хејвен и Ерусалим, а најпосле неколку години на универзитетот „МекГил“ во Монтреал. Од 1988 год. е соработник на франкфуртскиот Институт за социјално истражување. Хајнс има објавено бројни научни дела во главните полиња од фокусот на неговото истражување: социологијата и демократијата, политичката теорија на модерната, меѓународни цивилни и воени интервенции, конфликти за човековите права, како и интеркултуралноста во историјата на политичката мисла.