Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Мичановиќ, Мирослав

micanovic miroslavМирослав Мичановиќ, роден 1960 год. во Брчко, студирал на универзитетот во Загреб. Пишува песни, раскази, есеи и критики. Неговите текстови се објавени во бројни антологии и преведени на словенечки, украински, литвански, унгарски, полски, шпански, француски, германски и англиски јазик. За неговата збирка поезија „Zib“ во 1998 год. ја доби наградата „Духовно храшче“, а неговата збирка раскази „Траект“ во 2004 год. беше одликувана со наградата „Фран Галовиќ“. Коиздавач на повеќе антологии и автор на антологијата на современа хрватска проза „Utjeha kaosa“, којшто излезе 2006 год. во Загреб. Mирослав Мичановиќ е долгогодишен уредник на книжевното списание „Кворум“ и соработник на издавачката куќа „Наклада МД“. Во моментов работи во Агенцијата за воспитание и образование.