Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Фрас, Максимилијан

fras maksimilijanМаксимилијан Фрас, роден 1976 год. во Марибор, најпрвин студира педагогија, а потоа и филозофија на универзитетот во Марибор, каде што во 2008 год. се стекнува со магистерска титула по предметот историја. Работи како учител во основно училиште, архивар, библиотекар и соработник на проекти. Максимилијан Фрас  ја раководи фирмата „ЕПОС“, којашто нуди преведувачки и лекторски услуги. Преведува од германски, англиски и хрватски јазик, а меѓу другото, пишува и рецензии за книги. Во неговите преводи од германски јазик се вбројуваат раскази од Фридрих Диренмат („Der Tunnel“, „Der Hund“, „Die Panne“), мемоарите од Јошка Фишер („Die rot-grünen Jahre“) и книгата „Gott, Geld und Gewissen“ од Анселм Грин и Јохен Зајтц.