Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

ТРАДУКИ на Светскиот прием на Саемот во Франкфурт 2017

.

583 frankfurter buchmesseНа Светскиот прием на Саемот на книгата во Франкфурт, традиционалниот центар на саемот за разговори и читања со меѓународни автори, интелектуалци и преведувачи, ТРАДУКИ оваа година организира две панел дискусии.

Печати

Македонија е нова членка на мрежата ТРАДУКИ

.

583 mazedonien beitritt traduki by nellyrodriguezЗа време на 20. седница на управниот одбор на ТРАДУКИ, што се одржа на 14. ноември 2017 година во музејот Клајнес Клингентал во Базел, мрежата стана побогата за една членка: Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, го потпиша соодветниот рамковен договор за потоа веднаш да зеде учество на работната седница.

Печати

Промоции на книги во Белград: Јирген Кока ја промовира „Die Geschichte des Kapitalismus“

.

595 juergen kockaСо поддршка на ТРАДУКИ издавачката куќа Клио во Белград организира повеќе промоции на книги со Јирген Кока, чие дело Die Geschichte des Kapitalismus излезе во превод на српски јазик. Кај публиката и медиумите манифестациите со реномираниот социјален историчар од Берлин наидоа на голем интерес. Па така Јирген Коцка, меѓу останатото, даде интервјуа за весниците Данас (Jирген Кока: Мaркс је био интелектуални див) и Време (Капитализам није крив за све), а кaналот Радио Београд 3 нему и на неговотo дело им посвети едно издание од емисијата „Трибине“.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d