Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Читање на Кристоф Рансмајер и Даниела Данц во Букурешт

.

bukarest_ransmayr
Кристоф Рансмајер и Даниела Данц
На 25. септември 2009 год. австрискиот романсиер Кристијан Рансмајер и германската поетеса Даниела Данц во книжарницата ,,Чартурешти" во Букурешт читаа од своите книги ,,Последниот свет" (Рансмајер) и ,,Понтус" (Данц). Во овие дела обацата автори ја обработуваат темата Црно Море. Второт издание од романот на Рансмајер беше објавено во 2009 год. во романската издавачка куќа ,,РАО". Читањето го организираа фондацијата ,,С. Фишер" (ТРАДУКИ) во партнерство со Културниот форум на Австрија во Букурешт, издавачката куќа ,,РАО", Книжевниот информационен центар-Букурешт и Гете-Институт Букурешт.
Печати

Најава: Читање и разговор со Едо Поповиќ

.

popovic_edo
© Anita Schiffer-Fuchs
Читање и разговор со Едо Поповиќ (Загреб). Дискусија со преведувачката Aлида Бремер и издавачите Сеид Сердаревиќ (,,Фрактура" Загреб) и Себастијан Волтер (,,Фоланд & Квист", Лајпциг). Водител: Mајке Албат.

Литературен колоквиум Берлин
Ам Зандервердер бр. 5, 14109 Берлин
четврток, 01.10.2009 год. во 20:00 ч.
Во соработка со Традуки. Со пријателска поддршка на Министерството за надворешни работи. Влез слободен.
Печати

Едо Поповиќ во Книжевниот форум на Хесен

.

spieler
По покана на Книжевниот форум на Хесен, хрватскиот писател Едо Поповиќ денес во Моузонтурм во Франкфурт ќе го промовира својот роман „Играчите". Книгата излезе во март годинава во издавачката куќа ,,Воланд и Квист", во превод од Алида Бремер. Настанот ќе го води  Мартин Марија Шварц од Радио Хесен.

Читањето ќе се одржи во соработка со мрежата ТРАДУКИ, којашто финансиски го подржа и преводот на оваа книга на германски јазик.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d