Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Гостување на поети од Германија на хрватскиот поетски фестивал "Горанова пролет"

.

split_proljece
Четворица значајни поети - Урс Алеман, Ан Котен, Арнфрид Астел и Ханс Тил - во рамките на најголемиот хрватски поетски фестивал "Горанова пролет" крајот на мај читаа од антологијата "Kонцерт за мраз. Песни од Хрватска".
Печати

Промоција на книгата ,,Приказна за патувањето со воз" во Загреб и Ријека

.

povijest_putovanja
Промоцијата на книгата во Ријека
Во април во Загреб и Ријека беше промовирана книгата ,,Приказна за патувањето со воз" од Волфганг Шивелбуш. Преводот на хрватски јазик под наслов ,,Povijest putovanja željeznicom" излезе во издание на загрепската издавачка куќа Љевак. За книгата говореа: преведувачот Борис Периќ, д-р Томислав Плетенац од Филозофскиот факултет во Загреб и филозофот и историчар Снежан Хаснаш. Волфганг Шивелбуш е роден 1941 год. студирал книжевност, филозофија и социологија во Франкфурт на Мајна, а од 1973 год. живее како слободен писател во Њу Јорк и Берлин.
Печати

Гостување на Инго Шулце во Скопје

.

schulze_ingo
Инго Шулце
Инго Шулце на 3. и 4. јуни ќе чита во Скопје, Македонија. Повод за неговото гостување се македонските преводи на збирката раскази ,,Мобилен" и на романот ,,Адам и Евелин", објавени во 2009 и 2010 год. Организатор на читањата е издавачката куќа ,,Блесок" во соработка со Гете Институтот и со пријателската поддршка на Германско-македонското друштво и фондацијата Роберт Бош. Благодарение на финансиската поддршка на ТРАДУКИ Инго Шулце досега е преведен на албански, македонски и српски јазик.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d