Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Јозеф Винклер на Саeмот на книгата Интерлибер

.

winkler_josef
На Саем на книгата Интерлибер од Загреб австрискиот Kултурфорум од Загреб и издавачката куќа ,,Левкам Интернационал" (Загреб) органзираа читање со австрискиот автор Јозеф Винклер; авторот читаше од неговата книга ,,Ропонги" поддржана од ТРАДУКИ. Германистот од Загреб Свјетлан Лацко Видулиќ беше водител на вечерта пред голема публика, меѓу која беше и австрискиот амбасадор во Хрватска Јан Кикерт.
Печати

Ото Толнаи - „Божествена смрдеа“

.

tolnai_otto_gestank
"Божествена смрдеа" - корица
Препев од унгарски јазик и поговор од Цсужана Гахсе.

Корица:
"Орфеј од село", така Ото Толнаи честопати се нарекува себе си во своите песни. Со голем поетски здив ја опејува својата најблиска околина, Војводина, штуроста на пејсажот, нејзините селски жители. Толнаи ги следи сликите, зборовите и речениците, на кои се препнува, ја следи логиката на јазикот и сликата во нив, нивните неочекувани пресврти, сè додека спомените, перцепциите и соништата апсурдно и прецизно не му се отворат на фино поврзаниот свет.
Печати

Читање, прием и штанд на ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Франкфурт 14.-18. октомври 2009 год.

.

frankfurter_buchmesse
Сања Ловренчиќ чита од нејзината нова книга ,,Хрватски сказни"
Во среда на 14.10.2009 год. срдечно Ве покануваме на приемот од ТРАДУКИ на хрватскиот штанд, којшто ќе започне со едно читање. Домаќин е Здружението на издавачки куќи и книжари на Република Хрватска, хала 5, Е-939.

Штандот на ТРАДУКИ се наоѓа на штандот на Република Словенија, хала 5, C-946.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d