Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија во фокусот на книжевното лето Шлезвиг-Холштајн

.

567 barbi markovicЧитања на автори и авторки со лунеење на ветрот, кои ѝ раскажуваат на својата публика од Шлезвиг-Холпштајн за мигранти-суперјунаци, изгубени синови, вљубени арамии, магистички уметници, семејни стории како светски стории и многу друго: 31 манифестации на 25 различни места во најсеверната германска сојузна покраина и дури едно читање во Данска: тоа беше Книжевното лето Шлезвиг-Холштајн 2017, кое од средината на јули до крајот на август ја престави литературата на земјите Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.

Печати

„Tirana in Between“: Јасна Шамиќ во Албанија

.

566 samic jasnaВо јули културната организација Поетека во рамките на резиденцијалната програма “Tirana in Between” поддржана од ТРАДУКИ ја поздрави авторката и преведувачка Jaсна Шамиќ од Сараево. За време на нејзиниот престој, што го искористи интензивно за патувања, посета на музеи и историски знаменитости, како и за средби со колеги и колешки, собра бројни импресии.

Печати

Стефан Чапалику воспостави контакти со уметничката и театарска сцена во Сплит

.

565 capalikuАлбанскиот драматург Стефан Чапалику во јули престојуваше во Сплит како Writer-in-Residence. За време на неговиот четиринеделен престој во рамките на резиденцијалната програма „Марко Марулиќ“, која ја изведува здружението КУРС од 2010 со поддршка на ТРАДУКИ, го заврши манускриптот за својата нова книга и воспостави контакти со уметничката и театарска сцена. Заедно со босанскиот театарски режисер Дино Мустафиќ гостуваше во Вила Далмација. 

партнери на проектот

traduki partners 2014 d