Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Интерлезе 2010 ‒ Промоција на збирката поезија ,,Земја, којашто не постои“

.

32_lesunghajdarevic
Поетот Хаџем Хајдаревиќ од Босна и Херцеговина на покана од  Округот Фридрих Бедекер од Саксонија-Анхалт од 05. до 07. октомври 2010 год. во рамките на книжевните средби ,,Интерлезе“ гостуваше во Берлин, Магдебург и Хале/Зале. На публиката ѝ ја претстави својата збирка поезија  ,,Земја,којашто не постои“ поддржана од ТРАДУКИ.
Печати

"Tрибина Традуки" ̶ "Да се пишува или не, тоа е прашањето?"

.

31_tribina
На 06.октомври 2010 под наслов  "Да се пишува или не, тоа е прашањето?" во Сплит се одржа уште една литературна вечер од низата ,,Трибина Традуки“. Овој пат гости беа Ламија Бегагиќ од Сараево, моменталната стипендистка на резиденцијалната програма ,,Марко Марулиќ“, сплитската авторка и новинарка Еда Вујевиќ и Предраг Луциќ, новинар и коосновач на легендарниот сатиречен неделник ,,Ферал Трибуне“. Со модерација на Јасен Боко гостите дискутираа за својата писателска дејност и прашањата околу регионалната соработка.
Печати

Промоција на книга: ,,Полноќен буги“ од Едо Поповиќ

.

30_boogie
Во рамките на Саемот на книгата во Франкфурт во четврток на 07. октомври 2010 год. во Франкфуртскиот Кунстферајн (просторија B1, 20:00 ч.) ќе биде промовиран романот ,,Полноќен буги од хрватскиот писател Eдо Поповиќ. Преводот на германски јазик од Aлида Бремер беше објавен со финансиска поддршка на ТРАДУКИ пред неколку дена во издание на ,,Фоланд & Квист “. Учесници: Eдо Поповиќ, Клеменс Мајер, Алида Бремер, Лајф Грајнус.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d