Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ото Толнаи - „Божествена смрдеа“

.

tolnai_otto_gestank
"Божествена смрдеа" - корица
Препев од унгарски јазик и поговор од Цсужана Гахсе.

Корица:
"Орфеј од село", така Ото Толнаи честопати се нарекува себе си во своите песни. Со голем поетски здив ја опејува својата најблиска околина, Војводина, штуроста на пејсажот, нејзините селски жители. Толнаи ги следи сликите, зборовите и речениците, на кои се препнува, ја следи логиката на јазикот и сликата во нив, нивните неочекувани пресврти, сè додека спомените, перцепциите и соништата апсурдно и прецизно не му се отворат на фино поврзаниот свет.
Печати

Читање, прием и штанд на ТРАДУКИ на Саемот на книгата во Франкфурт 14.-18. октомври 2009 год.

.

frankfurter_buchmesse
Сања Ловренчиќ чита од нејзината нова книга ,,Хрватски сказни"
Во среда на 14.10.2009 год. срдечно Ве покануваме на приемот од ТРАДУКИ на хрватскиот штанд, којшто ќе започне со едно читање. Домаќин е Здружението на издавачки куќи и книжари на Република Хрватска, хала 5, Е-939.

Штандот на ТРАДУКИ се наоѓа на штандот на Република Словенија, хала 5, C-946.
Печати

Меѓународна преведувачка работилница во Четате (Романија)

.

cetate_workshop
Учесниците на преведувачката работилница
Од 26. до 28. септември се одржа третата преведувачка работилница во културното пристаниште Четате (во јужна Романија). Работилницата беше наменета за преведувачи на книжевност од германско јазично говорно подрачје од Романија и од други земји од источна Европа.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d